Денес, 14-ти октомври 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковник Милко Чонов, Одбранбено аташе на Република Бугарија во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Чонов за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во јакнењето на билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Бугарија.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на НГШ на АРМ со новото Одбранбено аташе на Република Бугарија во Република Македонија, полковник Илијан Крстев кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.