По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, утре 17.08.2013 година (сабота) со почеток во 10.00 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје, предвидена е церемонија за полагање на венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Делегацијата од ГШ на АРМ ќе биде предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а се очекува свежо цвеќе да положат и делегации на: кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други.
Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот.