Денес, 30 септември дел од припадниците на баталјонот за специјални намени, од составот на полкот за специјални операции реализираа тактичка вежба со командирско боево гаѓање на АП Криволак.
Цел на ова гаѓање беше извежбување на војниците и старешините во извршување на огнени задачи, координација помеѓу тимовите и усогласување на огнот помеѓу различни видови на орудија. За време на гаѓањето беше користено дел од вооружувањето со кое располага единицата.
Доказ за врвната обученост на припадниците на баталјонот за специјални намени беа и резултатите, кои денес беа постигнати за време на гаѓањето.