Во рамките на оддржување и подобрувањето на физичката подготвеност на припадниците од Командата и штабот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), на ден 18.06.2014 година се реализира кондиционен марш.
Реализацијата на маршот во должина од 10 километри беше на правецот с. Винце – с. Пчиња и на него учествуваа сите припадници од Командата и штабот на 1.мпбр.
За време на маршот сите учесници согласно програмата за изведување на кондициони маршеви, со себе ја носеа целокупната опрема.
Маршот претставува планска активност според календарот за обука на 1.мпбр за 2014 година и негова главна цел е подобрување на физичката подготвеност на персоналот.
Покрај останатото учесницие на маршот имаа можност да се запознаат со дел од теренот кој се наоѓа во реонот на одговорност на бригадата.
По враќањето во касарната во Петровец кај сите учесници на маршот беше видно задоволство , а ваквите активности продолжуваат и во наредниот период согласно плановите за обука.