Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари проштална средба со полковник Пјотр Грела, нерезидентно одбранбено аташе на Република Полска, на која присуствуваше и полковник Томаш Малимон, кој ќе ја извршува оваа должност во наредниот период.
На средбата генералот Лафчиски му се заблагодари на полковник Грела за неговиот досегашен ангажман во развојот на меѓуармиската соработка, а на полковник Малимон му посака успешно извршување на задачите на новата должност, потенцирајќи ја важноста за понатамошно продлабочување на соработката помеѓу двете сојузнички армии.