Врз основа на Акцискиот план за подготвеност на НАТО и одлуките донесени на самитот на Алијансата во Варшава во 2016 година, а кои се однесуваат на концептот на за одбрана и одвраќање, како и придонесот кон стабилноста и безбедноста надвор од територијата на Алијансата, сојузниците донесоа одлука за основање на т.н. „Зајакнато истурено присуство“, односно Enhanced Forward Presence (eFP) на северозападниот дел на Алијансата, како и Tailored forward presence за зајакнување на присуството на југоистокот на НАТО претставуваат најголемото засилување на колективната одбрана на Алијансата во една генерација и ја демонстрираат солидарноста, решителноста и способноста да ја одбранат територијата и граѓаните на Алијансата.
Ова засилено присуство за првпат беше воспоставено во 2017 година, со создавање на четири мултинационални борбени групи со големина на баталјон во Естонија, Летонија, Литванија и Полска. Овие борбени групи, предводени од Обединетото Кралство, Канада, Германија и Соединетите Држави се со соодветна големина и борбена моќност. Тие ја демонстрираат силата на трансатлантската врска и јасно кажуваат дека нападот врз еден сојузник би се сметал за напад врз целата Алијанса.
По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, на самитот во Мадрид во јуни 2022 година, сојузниците се согласија за фундаментална промена на концептот за одвраќање и одбраната на НАТО кое вклучува зајакнување на предната одбрана, надградба на борбените групи во источниот дел на Алијансата на ниво на бригада, трансформација на силите за одговор на НАТО и зголемување на бројот на сили за висока готовност на над 300.000 со дополнително формирање на уште четири мултинационални борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. Со ова вкупниот број на мултинационални борбени групи се зголеми на осум, и тие се протегаат по целото источно крило на НАТО – од Балтичкото Море на север, до Црното Море на југ.
Во склоп на овие одлуки отпочна операцијата на НАТО тнр „Активности на зголемена будност“, односно enhanced Vigilance Activities (eVA) кои се однесуваат на распоредување на мултинационални борбени групи во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка, секоја предводена од рамковна нација комплементарна со силите на земјите домаќини.
Во мисијата eVA нашиот придонес започна од крајот на ноември и почетокот на декември 2022, со испраќање на два вода, по еден во Романија мисија предводена од Франција и во Бугарија мисија предводена од Италија, каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана.
Учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на НАТО мисиите Efp и eVA во Летонија и во Бугарија и Романија е врз основа на одлуките на Владата на Република Северна Македонија. Нашиот придонес во мисијата eFP предводена од Канада, започна во јуни 2022 година со едно АБХО одделение, како и со едно артилериско одделение кое отпочнува со активности од декември 2022 година во рамките на словенечкиот контингент ангажиран во операцијата eVA.