Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, 23 декември 2025 година, присуствуваше на годишниот состанок на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија (ОРОРСМ), кој се одржа во Домот на Армијата во Скопје.
Во своето обраќање, генералот Лафчиски го истакна значењето на Организацијата, нагласувајќи го професионалното искуство со кое располагаат нејзините членови, како важен човечки ресурс на државата.
Дополнително, началникот на Генералштабот ја потенцираше важноста на соработката меѓу Армијата и ОРОРСМ, при што беше нагласено дека Армијата останува отворена за натамошно унапредување на комуникацијата и реализацијата на заеднички активности, во рамки на законските и институционалните надлежности.
Во пресрет на новогодишните празници, генералот Лафчиски им посака успешна работа на членовите на ОРОРСМ во претстојната 2026 година.








