Со денешниот прв состанок на групата за имплементација започнаа подготовките за претстојната 29-та Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која ќе се реализира во септември оваа година во Република Хрватска.
На денешниот состанок, кој се одржа во Загреб, присуствуваа претставници од земјите членки на А-5 и Вооружение сили на САД.
Членовите на работната група за имплементација ја дефинираа листата на задачи, понатамошниот календар за работа, ги разгледаа и ажурираа сите работни документи согласно деловникот за работа на првиот работен состанок на групата за имплементација за 2026 година. Состанокот заврши со потпишување записник со заклучоци од првиот работен состанок на групата за имплементација за подготовка на 29-тата конференција.
На конференцијата ќе учествуваат началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба, претставници на Вооружените сили на САД, командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5, како и претставници од земјите набљудувачи.








