Согласно планот за билатерална соработка помеѓу Армијата и Вооружените сили на Австрија во период од 06 до 10 октомври година беше реализирана „Работилница за квалитативен прием на муниција“.
Во рамките на активноста беше реализирана посета на фабриката „АТС“ од Самоков, каде на присутните им беа презентирани стандардните оперативни процедури кои се применуваат при контрола на квалитет на муницијата.
На работилницата учествуваа претставници од: Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Директорат за Аквизиција/МО, Генералштабот и Логистичка база.








