Главниот подофицер на Командата на САД за Европа (USEUCOM) главен наредник Роберт Абернети, во период од 12-14 декември престојуваше во работна посета на Армијата на Република Северна Македонија.
За време на посетата наредникот Абернети, заедно со својот домаќин, главниот подофицер во Армијата, главен наредник Бране Петрески, најпрвин оствари официјална средба со началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Пред гостинот од USEUCOM на состанок со подофицерскиот кор претставен од дипломираните постари ПОФ преку програмата IMET, му беа презентирани достигнувањата на подофицерскиот кор во единиците, предизвиците со кои се соочуваат, како и трансформациските активности во однос на надлежностите на подофицерите во изведување на обуката.
Главниот наредник Абернети го истакна значењето на соработката со Армијата на Република Северна Македонија, при што искажа желба за соработка и помош на сите нивоа во развојот на Подофицерскиот Кор како и можностите за обука и стручно оспособување кои ги нуди Командата на САД за Европа.
Воедно, за време на дводневната посета Абернети имаше можност да разговара со питомци од 1-4 година на Воената Академија и да оддржи предавање на Тема ,, Децентрализирано командување и зошто е тоа важно”, како и да ја посети командата за обука и доктрини и да се запознае со капацитетите на Армискиот полигон ,,Криволак“ и можноста за организирање на здружено тактички вежби до ниво на баталјон и користење на полигонот за реализација на боеви гаѓања од сите калибри.
Во текот на денешниот ден, главните наредници Абернети и Петрески придружувани од главните подофицери на командата за операции и 1.пешадиска бригада престојуваа во посета на вториот пешадиски баталјон во касарната Јане Сандански во Штип беше каде се запозна со мисијата задачите на единицата.
Притоа од страна на припадниците на оваа единица во присуство на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски беше организирана показна вежба ” Употреба на лесните оклопни возила при решавање задачи во урбана средина “.
Целта на посетата на Главниот подофицер на Командата на САД за Европа е запознавање на клучните лидери (воени и цивилни) со организацијата и функционирањето на подофицерскиот кор на Армијата на Република Северна Македонија, размена на искуства и разгледување на можностите за унапредување на соработката со Армијата на САД во делот на развојот на подофицерскиот кор.