Во период од 31мај до 2 јуни, во Домот на Армијата, се реализираше третиот модул на обука за стандардизација и планирање на одбраната во НАТО. Обуката ја спроведе мобилен тренинг тим од Република Грција, а на истата зедоа учество припадници од Армијата и Министерството за одбрана.
Со завршувањето на овој модул, се комплетираше циклусот за обука во процедурите за стандардизација и планирање на одбраната, како и за изготвување и одржување на стандардите на НАТО, планиран за реализација оваа година.
Обуката за стандардизација во НАТО се реализира во континуитет од 2019 година, а поддршка за истата обезбедува Генералштабот за Национална одбрана на Република Грција,како дел од рамките за билатерална воена соработка.
На доделувањето на сертификатите на учесниците, на морнаричкиот капетан Антониос Гарас, му беше врачена златна значка за партнерство и соработка, доделена од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.