Согласно Планот за билатерална соработка со Република Австрија, во период од 16 до 26 септември во издвоениот објект „Еребино“, се реализираше „Основен курс за муниција“ –практичен дел.
Курсот беше реализиран од страна на инструктори од Армијата, а менториран од страна на мобилен тренинг тим од Република Австрија и Норвешка.
Во текот на обуката беа реализирани тематски содржини поврзани со безбедно чување, складирање на муниција и минско-експлозивни материи и првентивни мерки за заштита од пожар и пиротехничка безбедност.
Обуката беше реализирана согласно меѓународните стандарди на ООН и НАТО.