Во рамките на билатералната соработка со Вооружените сили на Република Грција продолжи континуираната обука на персоналот од состав на Армијата, кој е вклучен во активности од областа на НАТО стандардизацијата, со Модул 2, кој се реализираше во период од 22 до 26 септември 2025 година, во Домот на Армијата во Скопје.
Обуката, Генералштабот на Армијата ја реализираше во соработка и поддршка од страна на Директоратот 2 на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција, преку мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција.
За време на обуката повеќе од дваесет и пет слушатели се стекнаа со знаења од областа на НАТО стандардизацијата, имаа можност за практична изработка на стандардизациски документи и беа запознаени со последните новитети во НАТО стандардизациската заедница.
На крајот од обуката во присуство на бригаден генерал Орце Јордев, Директор на Генералштабот на Армијата, на слушателите им беа поделени сертификати за учество и успешно завршена обука.