Континуираната обука на персоналот од состав на Армијата, кој е вклучен во активности од областа на НАТО стандардизацијата, продолжи со реализација на Модул 2, кој се реализираше во период од 06 до 10 ноември, во Домот на Армијата во Скопје.
Обуката, Генералштабот на Армијата ја реализираше во соработка и поддршка од страна на Директоратот 2 на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција, преку мобилен тренинг тим, согласно Планот за билатерална соработка со Вооружените сили на Република Грција. На обуката присуствуваа и припадници од Вооружените сили на Република Црна Гора, со што обуката го одржува својот регионален карактер.
За време на обуката, повеќе од триесетина слушатели се стекнаа со знаења од областа на НАТО стандардизацијата, имаа можност за практична изработка на стандардизациски документи и беа запознаени со последните новитети во НАТО стандардизациската заедница.
Со реализацијата на овој модул се заокружи обуката од областа на НАТО стандардизацијата за 2023 година, а на слушателите им беа доделени сертификати за учество и успешно завршена обука.