Во период од 9 до 13 март 2026 година во кампот за обука „Пепелиште“ и на aрмискиот полигон „Криволак“ се одржа Конференцијата за иницијација на вежбата „Блесок 27“.
На активноста, која се одвиваше во рамки на фаза 0 – иницијација, учествуваа претставници од Генералштабот на Армијата, Командата за операции, Командата за обука и доктрини, Логистичката база и Баталјонот на специјални сили.
Целта на Конференцијата за иницијација беше во целост исполнета, при што се изработија нацрт-верзиите на документите за иницијација на вежбата (EXINT) и насоките од офицерот кој ја закажува вежбата (OSE Guidance).
Со цел навремено планирање на активностите кои треба да се реализираат за време на вежбата Блесок 27, во рамките на Конференцијата се изврши и извидување на капацитетите за обука и вежби на АП „Криволак“ и кампот за обука „Пепелиште“.
Вежбата „Блесок 27“ е теренска вежба и ќе се реализира идната година. Целта е да се зајакне интероперабилноста помеѓу НАТО сојузниците и македонската Армија.








