Припадници од Армијата на Република Северна Македонија земаа учество на вториот состанок на групата за имплементација за подготовките за претстојната дваесет и осма Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која ќе се реализира во месец септември во Сараево, Босна и Херцеговина.
На денешниот состанок, кој се одржа во Сараево, покрај припадници од Армијата, присуствуваа претставници од армиите на САД и земјите членки на А-5.
Членовите на работната група за имплементација ги разгледаа листата на задачи, понатамошниот календар за работа и ги ажурираа сите работни документи согласно деловникот за работа од првиот работен состанок на групата за имплементација за 2025 година. Состанокот заврши со потпишување на записникот со заклучоците од вториот работен состанок на групата за имплементација за подготовка на 28. Конференција на НГШ на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба.
На конференцијата ќе учествуваат НГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба, претставници на ВС на САД, командантите на Националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5, како и земји набљудувачи.