Како дел од подготовките за годинешната, 19-та конференција на началници на Генералштабовите на балканските земји (BCHOD), во период од 25 февруари до 27 февруари 2024 година, во Атина, Република Грција се реализираше вториот состанок на координативната група за подготовка на конференцијата.
На состанокот од страна на претставниците од земјите членки на BCHOD се разгледуваа задачите од заедничката изјава на 18-тата конференција на началници на Генералштабовите, заклучоците од првиот состанок на координативната група, а од страна на подгрупите за асиметрични закани и за едукација, обука и вежби се разгледа прогресот на активностите од првиот состанок.
Воедно беа изработени и други материјали потребни за реализација на 19-тата конференција, како и подготовка на заклучоците на овој втор состанок на координативната група.
На овој состанок, како и на претходниот учесниците ги потврдија заложбите за унапредување и промовирање на регионалната стабилност и безбедност на Балканот преку континуираната воена соработка.








