Армиската футсал екипа на „15. Футсал Куп за мир“ во Колашин, Црна Гора, кој се реализираше во период од 13 до 18 октомври го освои 3-то место. Покрај освоениот медал, за надобар голман на турнирот беше прогласен разводник Филип Лазаревски. Ова е досега најголем успех на футсал екипата во досегашните натпреварувања на овој регионален турнир кој што се одржува веќе 15 години континуиранопод покровителство на Меѓународниот совет за воени спортови.
На турнирот, покрај домаќинот учествуваа и екипи во футсал од армиите на: Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.
“Футсал Купот за мир“ на кој ќе бидеме домаќини следната година, има за цел преку спортот да ја промовира толеранцијата, пријателството и мирот, како и да ја зајакне соработката меѓу армиите на земјите од регионот.
Со своето учество, припадниците на Армијата достоинствено ја претставуваат татковината, потврдувајќи го спортскиот дух, тимската работа, фер играта и заложбата за мир и пријателство меѓу народите.