Спортот и спортските активности како значаен сегмент во обуката на Армиските припадници ја отсликува подготвеноста за извршување на секаков вид на борбените задачи на сите припадници на Армијата.
Припадниците на генералштабот како и сите нивни колеги во останатите команди и единици покрај секојдневните работни обврски имаат можност но и обврска редовно да извршуваат индивидуални и екипни спортски активности преку кои ги промовираат вредностите на Армијата и го развива духот на толеранција и меѓусебно почитување.
Од денеска припадниците на генералштабот заедно со дел од останатите единици ја враќаат униформноста и еднообразноста и за време на спортските активности која исто така е една од значајните одлики на припадниците на Армијата. Припадниците на генералштабот го искористија денешното предвидено време за спортски активности за прв пат да спортуваат во ново набавената спортска опрема која со континуираното настојување на раководството во Генералштабот беше обезбедена деновиве, а која во наредниот период ќе биде обезбедена и за сите припадници од останатите команди и единици на Армијата.
По тој повод Заменикот на Началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин учествувајќи на денешниот термин за спортски активности го искористи со свое обраќање да ги поттикне на поактивно вклучување во физичките активности сите припадници на генералштабот на кои поради природата на функционалните должности ова претставува одлична можност за одржување на физичката подготвеност.