Припадниците на командите и единиците, со свечено постројување на Воениот стадион во Градскиот парк, и оваа година традиционално во пресрет на 18ти Август – Денот на Армијата, изминатите два дена ги реализираа финалните спортски натпревари.
На отворањето на финалните спортски натпревари, началникот на секцијата за обука и вежби во Генералштабот, полковник Кенан Рахиќ, потенцирајќи дека спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност , на учесниците им посака успешна реализација и постигнување на високи резултати во текот на натпреварите.
Учесниците се натпреваруваа во крос трчање, мал фудбал и пинг понг, при што екипата од Генералштабот го освои првото место во пинг понг, екипата на Првата пешадиска бригада го освои првото место во мал фудбал и крос кантри трчање во женска конкуренција, а баталјонот на специјални сили во машка конкуренција. Во поединечен пласман во машка конкуренција во крос кантри трчање во должина од 6 километри, првото место го освои професионалниот војник Милан Ранчиќ, а во женска конкуренција на 3.5 километри, наредник Марија Пеликон.
На најдобрите екипи и поединци по завршувањето на натпреварите, а по повод Денот на Армијата им беа доделени признанија.