На националното првенство на Република Северна Македонија во крос на 10 километри, кое се одржа на 16 октомври, десетар Трајче Илијевски припадник на Командата за Обука и Доктрини (КОД), настапи во поединечна и екипна конкуренција, при што го освои третото место , додека во екипен пласман се пласираше на второто место.
Десетар Трајче Илијевски, репрезентативец на Армијата, воедно е и долгогодишен член на скопскиот клуб NRC – Nike + Run Club Skopje, каде многу пати како на настапите на домашна и меѓународна сцена постигнува забележителни пласмани и признанија. Тој исто така на 16 септември како репрезентативец на Република Северна Македонија настапи на BALKAN MASTERS CHAMPIONSHIP 2021 кое се одржа во Република Албанија – Корча, и во категоријата М35 плус на 5000 метри во силна конкуренција го освои третото место закитувајќи се со бронзен медал.
Во текот на оваа година тој оствари неколку значајни резултати во повеќе дисциплини и трки. На националното првенство на Република Северна Македонија на 10 000 метри што го освои петтото место, на Денот на Меѓународниот Совет за Воени Спортови во дисциплината армиски крос на 5илјади метри го освои второто место со значителен резултат од 16:20 сек, Кавадарци трка на 10 000 метри го освои првото место, додека на националното првенство на Република Северна Македонија во полумаратон 21 км го освои петтото место.
Во август месец исто така ги бранеше боите на армиската репрезентација во Република Србија на регионално планинско трчање на кои учествуваа армиски репрезентации од шест земји кои се членки на CISM , тој го освои 13 место од 33 натпреварувачи. На балканското првенство во полумаратон во Битола, десетар Илијевски настапи на дисциплината од 10 километри и го освои третото место. До крајот на оваа година го очекуваат уште неколку значајни натпреварување.