Согласно годишниот план за доброволно дарување на крв во соработка со ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, денес припадниците на Генералштабот, учествуваа во акцијата за доброволно дарување на крв, при што беа собрани вкупно 31 крвна единица.
Припадниците на Армијата континуирано во текот на целата година преку дарувањето на крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост , на најдобар начин ја покажуваат својата солидарност во спасување и продолжување на човечки животи.








