Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, денес се реализираше акција за доброволно дарување на крв во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија, а која е планирана според Годишниот план за работа на 1.пешадиска бригада (1.пбр).
Во акцијата учество земаа 23 (дваесет и три) припадници на командата на 1.пбр и прво потчинетите единици од составот на 1.пбр сместени во гарнизон Петровец.
За време на крводарителската акција беа запазени сите мерки предвидени со протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19.
РН/ДД