Како дел од активностите и мерките кои се преземени од страна на Генералштабот и потчинетите команди и единици со цел справување со ширењето на епидемијата на вирусот КОВИД 19 е и вклучување на лесната маневарска полска болница РОЛ-2 во здравствениот систем на Република Северна Македонија.
Припадниците од Воено Медицинскиот Центар по претходна подготовка на теренот од страна на инженерскиот баталјон и град Скопје на локација непосредно кај инфективната клиника во комплексот клиники Мајка Тереза, во предвидениот рок од неколку денови со придржување на пропишаните постапки ги монтираа конструктивните елементи и овозможија нејзина потполна функционалност.
По денешното уредување на ентериерот со приклучок на електрична енергија и терморегулација на внатрешноста со што истата е ставена на располагање за потребите на јавно здравствен систем на Републиката.
Согласно одлуката на Врховниот командант и наредбата на Началникот на генералштабот, припадниците на Армијата на Република Северна Македонија продолжуваат со извршување на задачите согласно донесените одлуки на кризниот штаб на владата во однос на обезбедување на државната граница, ангажирање во кризниот регион на Дебар и Центар Жупа, обезбедување на објекти од витално значење за републиката, обезбедување на објектите одредени за државен карантин, контролирање на влезно излезни контролни пунктови и секаде каде за тоа ќе се укаже потреба а согласно согледувањата на одговорните структури.