Припадниците на потчинетите единици на 1.пешадиска бригада, од гарнизоните Кичево, Штип и Тетово, со целокупната опрема која ја имаат на располагање, несебично и колегијално се борат со огнените стихии и покрај тешкиот и непристапен терен и високите температури. Единиците продолжуваат со гасење на неконтролираното стихиско движење на огнот, кој се појавува од време на време на територијата на државата.
Припадниците на Армијата, согласно укажаната потреба продолжуваат и понатаму да учествуваат во гасењето на пожарите во реоните на општините Македонски Брод, Свети Николе, Кратово, Пехчево и Пробиштип.
ЏР/СН