На 07.07.2025 година, воздухопловниот ВИНГ беше итно ангажиран во поддршка на акцијата за гаснење на шумскиот пожар кој избувна на територијата на Општина Чучер Сандево, во реонот на селата Чучер Сандево и Блаце.
Интервенцијата започна во 05:00 часот наутро, по добиеното официјално барање и завршените техничко-оперативни подготовки. Во акцијата беа вклучени три хеликоптера – два на Министерството за внатрешни работи (МВР) и еден хеликоптер Ми-8МТ од составот на воздухопловниот ВИНГ на Армијата, кој реализираше повеќе прецизни летови со вкупно исфрлање на 15 тони вода врз најкритичните жаришта.
Воздухопловниот ВИНГ на Армијата дејствуваше во координација со сите надлежни институции: Центарот за управување со кризи (ЦУК), Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, јавните комунални претпријатија на општината, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и волонтерските тимови.
Воздушната поддршка значително придонесе кон намалување на интензитетот на пожарот, ставање под контрола и спречување на неговото проширување кон населените места и шумските површини. Овој ангажман уште еднаш го потврдува капацитетот и подготвеноста на воздухопловниот ВИНГ за брза, прецизна и ефикасна интервенција од воздух во услови на кризни ситуации.
Акцијата продолжува со засилена координација на сите ангажирани институции, при што воздухопловниот ВИНГ останува во состојба на целосна оперативна подготвеност за понатамошна воздушна поддршка, во служба на државата со крајна цел – заштита на човечки животи, имот и природната средина.