Како дел од годишниот календар за активности на Генералштабот на Армијата, на ден 15.12.2022 година во Домот на Армијата во Скопје, се одржа годишна конференција „Функционирање на логистичката поддршка во Армијата“.
На почетокот на конференцијата, во воведното обраќање директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески, истакна дека целта на денешната конференција е да се согледа функционирањето на логистичката поддршка (ЛП) на единиците во Армијата по основните и дополнителните функции, да се изврши анализа и разгледување на недостатоците по функциите на логистичка поддршка и да се дадат предлог мерки за отстранување на недостатоците во функционирањето на ЛП.
Конференцијата ја отвори и ја водеше началникот на секцијата за логистика во Генералштабот, полковник Васко Тошевски, кој во воведниот дел од конференцијата го нагласи значењето од навремено планирање и реализација на ЛП во единиците на Армијата.
Како поважни приоритети ги истакна:
– Со приемот на Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО, Армијата, а со самото тоа и логистиката во целост ги прифаќа обврските и задачите кои произлегуваат од членство во колективниот одбранбено безбедносен систем;
– Главен приоритет vо работата е ставен на обезбедување на услови за живот и работа на единиците и командите во Армијата;
– Како претстојна активност ја нагласи реализацијата на активности поврзани со воспоставување на новата структура на Армијата, а со само тоа и реализација на навремен трансфер на логистичката поддршка согласно новиот Концепт за логистичка поддршка на одбраната на Република Северна Македонија.
На конференцијата беа поканети и присуствуваа и пензионирани поранешни началници на секцијата за логистика во Генералштабот на Армијата.
Годишната конференција „Функционирање на логистичката поддршка во Армијата“ се реализира во присуство на претставници од организациските единици на Генералштабот, началниците на секциите одговорни за логистика (Ј/Г/А/С-4) од потчинетите команди и единици, и претставници од СЛ/МО, СН/МО,СВВА/МО и ВА/МО.
Во досегашната реализација на логистичка поддршка констатирани се предизвици од областа на нормативно правно доуредување во делот на набавките, одржувањето и медицинската поддршка.
Во насока на подобрување на нормативно уредување на системот за логистичка поддршка се поставуваат следните приоритети, како донесување на Концепт за медицинска поддршка, воспоставување на систем за поддршка од земја домаќин, донесување на нов Коцепт за национален елемент за поддршка.
Во рамки на конференцијата беше истакнато значењето од навремено и квалитетно планирање и реализација на логистичката поддршка во Армијата.