Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска оствари средба со командантот на здружениот воздухопловен оперативен центар на јужното крило на НАТО, генерал-потполковник Рубен Гарсија Сервент, во рамки на неговата посета на Република Северна Македонија.
На средбата е разговарано за интеграцијата на нашиот воздушен одбранбен систем во системот на воздушниот ракетен одбранбен систем на командната и контролна мрежа на НАТО, како и можноста за обучување, вежби и делегирање на персонал од Армијата во оваа команда.
По полноправното членство во НАТО, ќе биде неопходно интегрирање на нашиот воздушен одбранбен систем со командната и контролна мрежа на меѓусебно поврзани системи за следење и откривање на воздухоплови, како и нивно пресретнување, за што е потребна стандардизација на информациските системи во меѓусебна комуникација.
Во рамки на посетата, генерал-потполковник Рубен Гарсија Сервент ќе го посети и ВИНГ-от во чиј состав е и единицата за воздушно јавување и известување каде ќе има средби со командантите на овие единици.