По повод „18-ти август“ – Денот на АРМ вчера, 15-ти август со почеток во 19.00 часот на теренот на фудбалскиот клуб Работнички од Скопје се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу екипата на Армијата на Република Македонија и екипата на Фудбалската Федерација на Македонија.
Натпреварот заврши нерешено 1-1. И покрај пријателскиот карактер на натпреварот, можеше да се видат и убави фудбалски потези. Екипата на АРМ беше предводена од генерал-мајор Горанчо Котески, а во екипата на Фудбалската Федерација настапија поранешни македонски репрезентативци.
Со доделувањето на голема плакета на АРМ за Фудбалската Федерација, началникот на ГШ на АРМ изрази благодарност за одигрувањето на натпреварот.