Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) со воена свеченост го одбележа Денот на единицата.
Согласно правилото за воен протокол покрај историскиот осврт за денот на единицата пригодни обраќања кон присутните имаа командантот на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и заменик на командантот на брЛП.
На свеченоста присуствуваа: Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамед Рацај, Командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, претставници од МО и ГШ на АРМ, команданти на командите и единици на АРМ, поранешни команданти и други гости.
Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Васко Ѓурчиновски честитајќи им го Денот на единицата на припадниците на брЛП им оддаде признание за пружената борбено-сервисна поддршка на единиците на АРМ и им порача проблемите да ги решаваат со решенија во постигнување на целта и идејата на претпоставениот.
Заменикот на командантот во брЛП, потполковник Цветко Јаневски, во своето обраќање ја нагласи улогата на брЛП, при извршувањето на логистичките задачи посебно во ангажирањето на АРМ во справување со предизвиците од мигрантската криза во услови на лимитирани ресурси.
Во историскиот осврт од страна на директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев се истакна значењето и поврзаноста на Разловечкото востание за македонската воената логистика бидејќи за првпат самостојно се вршат набавки на оружје, воена опрема, муниција, санитетски материјал, храна, облека означувајќи ги почетоците на воената логистика.
На свеченоста, по повод денот на единицата, се прочитаа честитки и стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата, а на екипата од 2.логитички баталјон за најдобар пласман од баталјонските и бригадни спортски натпревари кои претходеа на одбележување на денот на единицата и беше врачен пехар.
Команда за логистичка поддршка е највисока единица од доменот на логистиката во АРМ, чија основна мисија е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на АРМ.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на АРМ, за Ден на брЛП е одреден 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година започнало Разловечкото востание.