Во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2018“, која од 28-ми септември ја изведуваат припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија, денес на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ се одржа ден за високи гости.
Резултатите од реализираните боеви гаѓања на цели во воздух со лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „Игла С“ и боеви гаѓање на цели на земја со авионите на словенските ВС „Pilatus PC-9M“ го потврдија успешниот завршеток на осмиот „Предизвик“ по неколкудневните заеднички активности на припадниците на двете армии.
Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, по успешно завршената вежба на учесниците на вежбата им честита за успешно прикажаните тактички вежби и прецизно погодените цели, кои ја отсликуваат долгогодишната меѓусебна воена соработка на овие единици.
На денот за високи гости присуствуваа: Заменик на министерот за одбрана Беким Максути, Заменик на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Н.Е. Милан Јазбец, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Павле Арсоски, генерали од АРМ и високи воени претставници на ВС на Република Словенија и команданти од единици на АРМ.
На вежбата учествуваа припадници од воздухопловните сили и противвздушна одбрана на ВС на Словенија, и припадници од воздухопловната бригада на АРМ, додека како поддршка на вежбата учество земаа и припадници од 1.механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка и баталјонот на воена полиција.
Вежбата „Предизвик 2018“ која на АП „Криволак“ заедно ја реализираа припадници на АРМ и ВС на Република Словенија, придонесува за интероперабилноста на постапките на припадниците на АРМ од баталјонот за ПВО од воздухопловната бригада со НАТО стандардите во противвоздушната одбрана. Воедно меѓусебните активности поврзани со оваа вежба ја зајакнуваат билатералната воена соработка и се промовираат капацитетите на АП Криволак и пред останатите армии на земјите членки на НАТО за изведување на ваков вид на активности.