Армијата на Република Македонија е секогаш транспарентна кон искажаниот интерес на медиумите за активностите и состојбите во АРМ со цел точно и навремено информирање на јавноста во Република Македонија.
Како резултат на досегашната соработка, националната телевизија „ТВ Нова“ на прославата од првиот роденден од своето формирање, на Армијата на Република Македонија додели благодарница за успешна соработка.
За транспарентноста на АРМ говори податокот да во изминатата 2016 година преку 400 објави за нејзините активности и повеќе од дваесет репортажни прилози беа застапени во националните медиуми, како и неколку за странски телевизиски медиуми на национално ниво.
Со цел уште поголемо приближување до јавноста во текот на оваа година АРМ е веќе достапна на дел од социјалните медиуми а се работи на збогатување на содржините на веб страницата на АРМ.