Денес, 14.11.2025 година, се одржа церемонија на која полковник Кире Николовски беше одликуван со Сребрен медал за Национална одбрана на Француската Република.
Медалот, кој за прв пат го добива припадник на македонската Армија, беше доделен од страна на военото аташе на Француската Република, во име на нивното Министерство за одбрана, по повод постигнатиот успех за време на школувањето како офицер на 31. класа на Школата за национална одбрана „Écoles de Guerre“.
Овој чин претставува значајна потврда за соработката меѓу Армијата и Вооружените сили на Франција, како и признание за професионалните достигнувања на нашите офицери.








