Во период од 1 до 3 ноември во просториите на Домот на АРМ, Скопје се реализираа експертски разговори на тема „Правен пристап во реформите на одбраната“.
Во текот на активноста се разменија искуства од повеќе теми кои ја опфаќаат правната регулатива, како што се: Меѓународните договори, Военото право, Должностите на правникот во структурата на Армијата, Оперативното право, Менаџирање и управување со кризна состојба и др.
Активноста се реализираше врз основа на билатералната соработка со САД, на која припадниците од АРМ и МО на РМ имаа можност за ги споделат своите искуства со нивните колеги од САД.