Денес во Генералштабот се реализираа експертски разговори со претставници на Министерството за одбрана на Република Хрватска во полето на развој и управување на резервни сили, мобилизација и размена на искуства од НАТО процесот за планирање (NDPP).
За време на работниот состанок експертскиот тим од Република Хрватска ги презентираше своите искуства во поглед на правни основи и законска регулатива, формација, структура и развој на резервните сили пред полноправното членство во НАТО, како и идните планови за развој во овој домен.
Целта на овие експертски разговори е согледување на препораките од страна на делегацијата од Република Хрватска, како и за можно идејно решение за развој на домашните капацитети на резервни сили, така и за НАТО процесот за планирање на патот кон полноправното членство во НАТО.