Во работна планирана посета на Армијата на Република Северна Македонија, денес, престојува командантот на командата на специјалните сили на НАТО, генерал-потполковник Ерик Вент.
На средбата меѓу началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и генералот Вент се разговараше за мисијата и задачите на специјалните сили во Армијата, зајакнување и проширување на способностите во рамките на НАТО, сеопфатната одбрана, како и унапредување на соработката.
Во рамки на денешната посета, генерал-потполковник Ерик Вент оствари средба и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
За време на оваа посета, Генералот Вент го посети и баталјонот за специјални намени, каде се презентираа капацитетите и способностите на единицата.