Баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции (пСО) и инженерискиот баталјон од составот на 1-та Механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) на Армискиот полигон „Криволак“ реализираа заедничка методско огледна вежба „Употреба на минско експлозивни средства за наменски задачи во АРМ“.
Како прва точка на вежбата беше демонстрирано „Рушење на елементи и материјали“ каде практично се демонстрираше рушење на бандера, шина, метална врата, ѕид, дрвен мост и др. На наредната точка беше прикажана реализација на „Воени операции во урбана средина“ со користење на МЕС како и правење на премин преку минско поле со користење на т.н. „Бангалоре торпедо“. На третата и последна работна точка беше демонстрирано поставување и извршување на заседа со користење на МЕС и ексфитрација со хеликоптер.
На вежбата присуствуваа: началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Димче Петровски, командантите на ЗОК, пСО, 1.мпбр и останатите единици на АРМ.
По успешно завршената методско огледана вежба НГШ на АРМ во своето обраќање истакна дека оваа вежба е одличен пример како две единици практично ги спојуваат своите стручни специјалности за успешно реализирање на поставените задачи.