Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски учествуваше на конференција на воениот комитет на НАТО на ниво началници на генералштабови од земјите членки на НАТО и учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ (ОП) во Авганистан, која се одржа денес (17.05.2017) во командата на НАТО во Брисел.
На делот од конференцијата во формат на земји учесници во мисијата ОП, армиските лидери од страна на највисокиот НАТО цивилен претставник и командантот на мисијата генерал Николсон се запознаа со актуелната безбедносна состојба во Авганистан, на која се разгледуваа препораките за понатамошно делување и ангажманот на НАТО и партнерските земји во мисијата.
Во своето обраќање генералот Величковски се осврна на континуираниот придонес на АРМ во мировната мисија ОП, со моменталното учеството на 39 свои припадници кои се распоредени на неколку локации во Авганистан и извршуваат различни задачи, како и севкупните напори кои ги вложува АРМ кон интеграцијата во Евро Атлантската структура на НАТО.
На Конференцијата раководена од претседавачот на воениот комитет генерал Петр Павел, покрај останатото се разгледуваше понатамошно развивање на потребните способности и ресурси, во согласност со тековните задачи на алијансата. Учесниците се запознаа со актуелниот статус и произлезени задачи за интероперабилност од претходните сесии.
За време на Конференцијата и престојот во Брисел генералот Величковски оствари издвоена средба со НГШ на Кралството Белгија генерал Марк Компернол, како и средби со своите колеги учесници на активноста, при што беа разменети корисни информации за меѓусебната воена соработка и понатамошните активности.
Делегацијата на АРМ претходниот ден реализираа средба со Амбасадорот на Република Македонија во НАТО, а во текот на утрешниот ден ќе имаат работен состанок и во Мисијата на РМ при НАТО.
Конференцијата на ВК на НАТО во формат на началници на генералштабови се одржува двапати годишно со цел разгледување на актуелните мисии и операции на НАТО, како и обезбедување на воени совети за меѓусебната интероперабилност помеѓу партнерските земји.