Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во присуство на командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски и команданти на единици од Армијата, денес ги посети припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), кои на Армискиот полигон „Криволак“ ги реализираа завршните подготовки за претстојното НАТО оценување.
Целта на посетата беше да се изврши непосреден увид во подготвеноста на единицата, на која ќе ѝ се спроведе проверка на борбената готовност, согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL). Оценувањето ќе се реализира во периодот од 20 до 23 април 2026 година.
Оценувањето на целта на способност ЛПБГ ќе се спроведе во рамките на вежбата „Блесок 26“, која ќе се одржи во период од 19 до 27 април 2026 година на АП „Криволак“.








