Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како дел од планираните активности за обиколка на гарнизоните и информирање на припадниците на Армијата, во текот на оваа недела изврши обиколка на Командата за операции и единиците кои се стационирани во касарната „Боро Менков“ во Куманово и Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски-Бауман” во Велес.
Во рамки на обиколката, припадниците на Армијата беа информирани од страна на генералот Лафчиски за тековните активности, плановите и приоритетите во работата на Армијата, како и очекувањата за следната година.
Обиколките на командите и единиците од страна на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе продолжат и во наредниот период со посета на останатите гарнизони на Армијата.









