Денес (2-ри септември 2015 година), началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски ги посетија припадниците на инженерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, Тетовско.
Во присуство на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, генералот Величковски истакна дека со изградбата на мостовите во Порој, припадниците на АРМ даваат конкретна помош на месното население, погодено од невремето.
Во оваа прилика, НГШ на АРМ ја нагласи подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните, но и прилика за јакнење на соработката со цивилните структури во Република Македонија.
Искажувајќи благодарност до АРМ, Теута Арифи ја потенцираше одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето на почетокот на месец Август годинава.
Припадниците на инжинерискиот баталјон се ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштеувања после полавите изминатиот месец, при што е предвидено, во најбрз можен рок, тие да бидат завршени.