Денес, 24-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески ја отвори четвртата Конференција на главните подофицери од армиите на земјите членки на САД-Јадранската група (А5). На конференцијата, покрај домаќинот главниот главниот подофицер на АРМ, главниот наредник Драган Стојановски, учествуваа главните подофицери од армиите на: Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Србија и главниот подофицер од Командата на силите на САД во Европа.
На отварањето на Конференцијата, генералот Котески го истакна значењето на соработката во рамките на Јадранската група, при што истакнувајќи дека патот по кој цврсто чекорат државите од Јадранската група, е гаранција дека градењето на стабилноста, добрососедските односи и взаемното разбирање се главните предуслови за прогрес на сите полиња, не само за нив, туку и пошироко за регионот. НГШ на АРМ ја нагласи синергијата во соработката и односите помеѓу армиите од Јадранската група, која претставува силен импулс и поттик и во соработката помеѓу главните подофицери, кои пораките од овие форуми успешно ги пренесуваат до последниот војник во нивните армии.
Главна тема на конференцијата е „Обуката и развојот на меѓуармиската соработка за пост ИСАФ мисијата во Авганистан“, а од учесниците се очекува да ги согледаат можностите за успешна соработка во согледувањето на улогата на подофицерскиот кор во подготовката и извршувањето на мисиите предводени од НАТО и ЕУ.