Во период од 21 до 25 октомври, се реализира обука во областа на стандардизација во НАТО на која персонал од Армијата и Министерството за одбрана се обучуваа во унапредување на системот за стандардизација во одбраната согласно НАТО стандардите.
Обуката е поддржана од страна на Генералштабот на Вооружените сили на Република Грција и претставува прва активност која се реализира во рамките на договорот за одбранбена соработка помеѓу министерствата за одбрана на Република Грција и Република Северна Македонија. Дел од обуката од овој модул се реализираше во просториите на НАТО Корпусот за брзо распоредување во Република Грција, а дел во ЦО „Џозеф Крузел“ во касарната „Гоце Делчев“. Претходно во месец мај, во рамки на активноста се реализираше првиот модул, додека последниот трет модул од обуката е планиран да се реализира во текот на декември оваа година.
На учесниците по завршување на модулот, во присуство на Одбранбеното аташе на Република Грција, полковник Георгиос Акриотис, на учесниците им беа врачени сертификати за успешно завршена обука од оваа област.