Командата за Операции (КО), со воена свеченост која се одржа во касарната „Боро Менков“ во Куманово и со почитување на мерките и препораките од комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на вирусот „Ковид 19“, го одбележа 17 Октомври – Денот на единицата.
Пред присутните свое обраќање има Началникот на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски.
Генералот Ѓурчиновски во обраќањето пред припадниците на КО истакнувајќи дека претставува особена чест да се обрати на Денот на командата за операции во годината кога државата оствари стратегиска цел, еден стремеж на кој неуморно работевме од првата година на самостојноста. Притоа потсетувајќи дека иако се уште сме соочени со предизвици меѓу кои сеуште е актуелната состојба на јужната граница и здравствената криза предизвикана од пандемијата со „Ковид 19“, успешно го спроведуваме процесот на трансформација на армијата и интеграција во алијансата.
Обраќајќи се на припадниците на командата тој им порача: „Вашите команди и единици со успех ги реализираат сите поставени задачи со висок степен на професионализам за што сум особено горд како еден поранешен ваш припадник. Очекувам задачите кои претстојат да ги реализирате во целост, со континуирано залагање во работата, мотивираност, чесност, тимска работа, лојалност и ефикасност. Заедно ќе ги оствариме националните интереси и ќе го исполниме она што од нас се очекува.“
Пред стројот се обрати и командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски кој наведувајќи ги предизвиците со кои беше соочена оваа команда во изминатата година, пред се со предизвици со кои се стави на проверка прилагодливост, знаењето и искуството, посветеноста и подготвеноста. Притоа истакна дека единиците на КО на соодветен начин, брзо флексибилно и ефикасно ги извршиле поставените задачи од претпоставените. Притоа кое како обврска останува да продолжиме со трансформацијата и реформите, а прва, најголема и најважна обврска е подготовка на декларирани единици како цели на способности за НАТО.
На прославата присуствуваа и заменик на министерот за одбрана, Башким Хасани, Државниот секретар во министерството за одбрана, Драган Николиќ, генералите на Армијата, поранешни команданти на оваа команда, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, асоцијацијата на воените аташеи и градоначалници на локални самоуправи.
Во рамки на свеченоста од страна на военото раководство беа унапредени, пофалени и наградени повеќе припадници на КО за остварените резултати во работењето.
За ден на Командата за операции е определен 17.октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.
Командата за операции како команда од оперативно рамниште својот почеток го имаше како Армиски Корпус, по што во 2000 година се трансформира во 1.Армиски Корпус, во 2002 година се преименува во команда на копнената војска, а од 2005 година се преструктуира според стандардите на НАТО во Здружената оперативна команда, додека согласно тековниот процес на трансформација по приемот во полноправно членство во НАТО го добива сегашното име.