На денес одржаната средба помеѓу ГШ на АРМ и раководството на наменската компанијата „11Октомври-Еурокомпозит“ во Прилеп се разговараше за можностите за соработка помеѓу АРМ и оваа компанија за наменско производство на композитни материјали за воена и воено полициска опрема.
На состанокот на кој покрај НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа и генерал-мајор Димче Петровски и бригаден генерал Мирче Ѓоргоски согласно плановите и потребите на АРМ, се согледуваа можностите кои ги нуди оваа компанија, помеѓу останатото специјализирана за наменски производи кои наоѓаат примена во армијата.
Интересот за соработка со оваа компанија е базиран пред се на високиот квалитет кој ја има заштитна опрема направена од најпознатите композитни материјали (армирана пластика), со одлични перформанси и мала тежина, со што се овозможува тактичка и оперативна мобилност, безбедност во движењето и минимум замор.
Ваквите перформанси резултираат со ефикасност во исполнувањето на зададените задачи со минимален напор, со што ја овозможуваат можноста за успешна примена на опремата за лична балистичка заштита во мировни мисии, вежби со боеви гаѓања и задачи каде е потребна зголемена заштита на припадниците на армијата.