Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ). Должноста командант на ЦЕИ од потполковник Марјан Масевски ја прими потполковник Сашо Спасовски, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот во ЦЕИ.
Во своето обраќање пред присутните, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски му се заблагодари на досегашниот командант за неговото залагање и учество во изградбата единицата, а на новопоставениот командант му ја честиташе новата должност и му посака успешно командување со истата.
Потполковник Масевски, во својот говор им се заблагодари на припадниците од составот на ЦЕИ со кои заеднички успешно ја извршуваа мисијата на единицата и постигнуваа резултати во изминатиот период, а на новиот командант му посака успех во понатамошното градење на единицата.
Потполковник Спасовски, искажа благодарност за укажаната доверба и уверување дека во периодот што претстои здружувањето на капацитетите и стручноста на персоналот во ЦЕИ ќе бидат насочени кон извршување на сите обврски и задачи кои и претстојат на единицата ,при што успехот во работата ќе биде неизбежен.
На свеченоста, покрај началникот на ГШ на АРМ, претставници од МО и ГШ на АРМ и команданти на единиците од АРМ.
Со примопредавање на военото знаме на денешната свеченост, официјално се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување.