Традиционално, секој втор петок во месец припадниците на баталјон за Почести пред Владата на Република Македонија и резиденцијата на Претседателот на Република Македонија извршија смена на државните знамиња.
Во тек на настанот се изведе манифестациска содржина од страна на гардиската единица, а чинот беше проследен и од воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државните знамиња е со цел за подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.