Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со Остин Абигејл, која во изминатиот период имаше советодавни функција од Обединето Кралство во врска со имплементирањето на Стратегискиот Одбранбен Преглед во министерството за одбрана и генералштабот на Армијата.
Абигејл која оваа функција ја извршуваше врз основа на договорот за билатерална соработка со Вооружените сили на Обединетото Кралство, со што во овој мошне значаен период на интегрирање во НАТО даде свој придонес во целосното спроведување на процесите предвидени со Стратегискиот Одбранбен Преглед во овој предпристапен период.
Притоа од страна на генералот Ѓурчиновски е изразена благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединето Кралство на нашата стратешка определба за членство во НАТО.