Во период од 4-ти до 8-ми февруари во рамките на циклусот активности за претстојната мултинационална логистичка штабна вежба „LOGDEV 19“ во Домот на АРМ во Скопје се одржува втора „Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти“. Првата беше реализирана во последниот квартал на минатата година во Тирана, Република Албанија.
Како дел од планирачкиот процес за време на оваа работилница се креираат настани и инциденти кои ќе се изведуваат текот на вежбата на која учесниците ќе извежбуваат извршување на мисијата во мултинационална средина.
„LOGDEV“ за штабните старешини од земјите учеснички обезбедува обучување во следните области: распоредување на сили, поддршка на земјата домаќин, развивање и работа на национален елемент за поддршка, прием, сместување, понатамошно движење и интеграција на силите, употреба на логистичкиот софтвер LOGFAS, опстојување и враќање на единиците од мисијата предводена од НАТО за која е даден мандат од Обединетите нации.
На работилницата учествуваат претставници од: САД, Германија, НАТО школата во Латина, Италија, Финска, Грузија, Црна Гора, Обединето Кралство, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Шведска и Македонија.
Меѓународната логистичка вежба „LOGDEV 19“ ќе се реализира во Тбилиси, Грузија во мај 2019 година.