Од денес до 28-март 2014 година во Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) на Министерството за одбрана, ќе се реализира работилница за медиа тренинг-основно ниво со подофицерите за односи со јавноста во потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ.
На работилницата, подофицерите кои се задолжени за односите со јавноста во баталјоните, ќе се запознаат со основите на комуникациските вештини, развивањето на клучната порака кон јавноста и улогата на медиумите во општеството, а ќе се обучат во основните елементи за давање изјава, интервјуирање и изработка на соопштение за јавноста.
Обуката ќе ја изведуваат сертифицираните инструктори за медиа-тренинг од составот на РЦОЈ и АРМ кои низ повеќе презентации и вежби ќе ја изведуваат посебно дизајнираната обука за подофицерите за односи со јавноста.
Се очекува стекнатите знаења за медиа тренинг, да ја унапредат и подобрат работата на подофицерите за односи со јавноста, а со тоа и соработката на АРМ со медиумите на локално ниво.